Од Центарот за урагани на САД велат дека „Метју“ донел ветришта со брзина од 205 километри на час. Тие предупредија дека опасната бура со себе носи најмалку 20 сантиметри дожд.
Прогнозата е дека „Метју“ се движи директно кон источниот дел на Флорида, засилувачи ја јачината од категорија 3 до категорија 4.
Во оваа сојузна држава околу 2 милиони лица кои живеат во области погодени од невремето треба задолжително или доброволно да се евакуираат.
Во Вашингтон претседателот Барак Обама ги повика граѓаните да им помогнат на жртвите во Хаити, преку донации до УСАИД. „Најдете начин како можете да го направите животот полесен за оние кои и немаа многу претходно“, кажа Обама.
Мурад Вахба, заменик специјален претставник за Хаити соопшти дека ураганот „Метју“ предизвикал најголема хуманитарна криза по земјотресот во 2010-та година во кој загинаа повеќе од 225.000 лица.
Ураганот „Метју“ исто така ја погоди и Куба. Неколку домови беа уништени а илјадници оштетени во градот Баракоа.
Сојузната држава Џорџија објави вонредна состојба во 13 општини долг брегот.
Гувернерката на Јужна Каролина, Ники Хејли нареди четврт милион лица кои се наоѓаат на патот на невремето да ги напуштат нивните домови и да најдат побезбедни локации и издаде предупредување за милион други да се подготват за евакуација.
„Метју“ е најсилен ураган кој поминал низ Атлантикот и Карибите по ураганот „Феликс“ во 2007-та.