Во 2003-та година полицијата од Њујорк создаде единица составена од цивилни офицери за тајно набљудување на муслиманската заедница: бизнисите, хуманитарните организации и џамиите.
Предводена од припадник на ЦИА „Демографската единица“ имаше задача да идентификува посебни локации во населбите каде терористите би можеле да се скријат и дејствуваат. Посебно во населбите со мнозинска муслиманска популација сместени во околината на Њујорк.
Тогаш се` уште се чувствување шокот од нападите на 11 септември, и земјата се соочуваше со проблемот како да ги постави основите на борбата со тероризмот, во средината која драстично се смени.
Според извештајот на Американската цивилна унија, офицерите добиле инструкции да разговараат со лидерите на муслиманските заедници, студентите, верниците во џамиите и Исламските асоцијации и да се обидат да добијат „мерливо чувство“ за нивните ставови кон САД и американската надворешна политика.
Тие направиле мапи, фотографии, податоци за населбите и поединци.
Резултатот на тоа била база на податоци, за тоа каде живеат муслиманите, купуваат, работат и се молат.
Во 2011-та програмата беше откриена од Асошиетед прес, и тоа предизвика бурна реакција, по што имаше и судска разврска.
Во 2014-та година, новоизбраниот градоначалник Бил де Бласио ја затвори „Демографската единица“
Негативната страна на програмата
Но идејата за масивно следење не беше напуштена. По нападите на Исламската држава во Париз минатата година и по објавувањето на видео дека можеби Њујорк ќе биде следната цел, очекуваниот републикански кандидат за претседател, Доналд Трамп повика програмата да биде обновена. Неделава, тој повторно го спомена следењето на џамиите и муслиманските заедници, по наводите дека лицето кое го изврши масовното убиство во Орландо искажало лојалност кон Исламската држава.
„Полицијата треба да се фокусира на криминалните активности, наместо кон идеологијата,“ вели Фаиза Пател, од Бренан центарот за правда, кој е дел од Универзитетот на Њујорк.
Таа вели дека програмата имала негативен ефект врз муслиманската заедница во Њујорк. Џамиите обично беа отворени и добредојдени за странците. Сега на нив се гледа со сомнеж. И секој си го чува грбот.“ Како резултат на ова, муслиманската заедница го губи капацитетот да го одржува внатрешниот ред, додава Пател.
Силни семејства и заедници
Со сите експерти со кои зборуваше Гласот на Америка се согласни дека полицијата игра критична улога во справување со екстремизмот. Но велат дека органите на редот треба да се вклучат кога има директни индиции дека ќе се случи криминален чин.
Тие велат дека дел од решението е силни семејства и заедници – и тие да бидат ополномоштени да се грижат за себе си.
Тие тврдат дека набљудувањето и строгата полициска контрола создава клима на страв, недоверба и ја прави оваа цел невозможна.
Според експертите семејството е критичен елемент кој може да ги одврати луѓето за да ја поминат линијата на радикализацијата.
Напаѓачот од Орландо, Омар Матин бил набљудуван од страна на ФБИ 10 месеци. Тој дури три пати бил интервјуиран од агентите, но тие не наишле на индикации дека тој ќе влезе во ноќен клуб и убие 49 лица.
Доказите дека неговата сопруга знаела за намерите излегоа на површината и се истражуваат. Според наводите таа била со него кога тој ги истражувал можните цели за напад, како забавниот парк Дизни Ворлд, трговски центар и ноќниот клуб Пулс каде се случи нападот.
Неговиот татко и колеги исто така искажале загриженост за активностите на Матин.
Според ФБИ, во 50 проценти од случаите, член на семејството знае дека нивен роднина е радикализиран, но не знае што да прават со тоа.
Ен Спекхарт, психолог и директор на Меѓународниот центар за истражување на насилниот екстремизам вели дека отворените телефонски линии може да им помогнат на семејствата и заедниците и можат да бидат моќна алатка за борба со екстремизмот.