Од Белата куќа соопштија дека претседателот Барак Обама во четвртокот ќе патува за Орландо, Флорида да оддаде почит на жртвите и фамилиите на убиените во маскарот во ноќниот клуб во градот, најлошо масовно убиство во американската историја.
„Нашите срца се со фамилиите на убиените. Нашите молитви се за ранетите. Оваа е деструктивен напад врз сите американци, и посебно тежок за луѓето во Орландо, но мислам дека сите ние знаеме дека оваа можеше да се случи било каде во земјата, и ние чувствуваме огромна солидарност и жалење за фамилиите кои беа погодени.“
29 годишниот Омар Матин уби 49 лица и рани 53 кога отвори оган од полуавтоматско оружје во ноќниот клуб „Пулс.“ После три часовната опсада, припадници на тактичките полициски единици влегоа во клубот и го застрелаа Матин.
Властите велат дека Матин се јавил на линијата за вонредни ситуации - 911за време на нападот заколнувајќи се на верност кон Исламската држава, и се повикал на нападот на бостонскиот маратон во кој загинаа три лица.
Таткото на напаѓачот, Садик Матин искажа жалење за акциите на неговиот син.
Властите од Орландо велат дека работат на илјадници наводи во обид да откријат дали Матин добил помош во изведување на нападот.
По нападот забавните паркови во Орландо ја зајакнаа безбедноста.