Универзитети нудат бесплатни часови на Интернет
Академскиот свет се промени во 2011-та, кога професор од Универзитетот Стенфорд понудил бесплатен курс преку Интернет за вештачка интелегенција. На него се регистрираа преку 160.000 студенти од целиот свет. Примерот го следеа и Харвард и Ем-Ај-Ти, а трендот привлече внимание и финансирање на организациите кои обезбедуваат образовни програми исклучително за Интернет.