Штефан Филе е задоволен од резулатите на предпристапниот дијалог. Денеска во Скопје по средбата со премиерот комесарот за проширување на Европската комисија изрази задоволство од резулатите постигнати со предпристапниот дијалог кој започна во мај годинава.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе очекува извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, што треба да биде објавен во октомври, да биде позитивен.
„Годинава нема сомнеж дека е направено доста во спроведување на реформите, во рамки на високиот дијалог меѓу Македонија и ЕУ“, изјави еврокомесарот Филе.
Сега отворено останува прашањето дали земјите членки на ЕУ оввој пат на Самитото во декември ќе ја прифатат препораката за почеток на преговри која повторно ќе ја даде ЕК во Извештајот за напредокот, кој ќе биде објавен во декември.
„И неколкупати претходно ЕК врз основа на Извештајот за реализираните обврски им препорача на земјите членки на Македонија да и` се даде датум за почеток на преговори за членство“, изјави Филе.
Грција, како што е познато, повторно ќе се спротистави на препораката со барање прво да биде решен проблемот со името. Не се знае дали останатите земји членки на ЕУ ќе ја подржат Грција или ќе се спротистават на нејзината блокда. Комесарот Филе смета дека Македонија треба да продолжи со реформскитот процес за да ги одоброволи земјите членки на ЕУ
„Затоа нагласив дека имплементацијата на она што е досега усвоено треба да продолжи до декември годинава. И затоа велам дека високиот пристапен дијалог меѓу Македонија и ЕУ и сите прашања кои досега ги покривме и резултатите од тоа ќе им помогне на земјите членки на Унијата да му пријдат на ова прашање конструктивно“, истакна Филе.
Премиерот Груевски од своја страна очекува во извештајот на Европската комисија да биде препознаена работата и посветеноста на Владата во спроведувањето на преземените обврски и реформите.
„Почетокот на преговорите со Европската унија што поскоро, останува наша примарна цел. Тоа ќе го задржи кредибилитетот на процесот на проширување на Европската унија и ќе даде сигурност на нашиот евроатлантски процес“, изјави Груевски.
Филе во оваа прилика ги повика македонските власти да продолжат да работат на зајакнување на добрососедските односи.
И неколкупати претходно ЕК врз основа на Извештајот за реализираните обврски им препорача на земјите членки на Македонија да и` се даде датум за почеток на преговори за членствоШтефан Филе