Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Брисел ја искажа амбицијата на Македонија за почеток на преговори со Европската унија и членство во НАТО. Од двете институции доби одговор со конкретни барања.
,,Потребно е натамошно зајакнување на меѓуетничките односи врз база на целосна имплементација на Охридскиот договор и како видлив чекор го поздравувам усвојувањето на извештајот- преглед за спроведувањето на договорот. Слободата на изразувањето треба да биде засилена преку декриминализација на клеветата. Изборната рамка треба да биде ревидирана во согласност со меѓународните и европските стандарди“, изјави комесарот за проширување Штефан Филе по средбата со Иванов.
Иванов, пак, го повтори барањето за деблокада на процесот на интегрирањето на Македонија со почеток на преговори за членство, на што се спротиставува Грција, барајќи прво решение за спорот, па потоа старт на преговори.
„Во контекст на наметнатиот спор од нашиот јужен сосед, на комесарот Филе му посочив дека освен тоа што оваа земја не ја исполнува Времената спогодба, сега има и пресуда на Меѓународниот суд на правдата. Она што го бараат сите членки на ЕУ го бараме и ние, а тоа е Грција да се однесува одговорно кон преземените обврски. Сето ова треба да го решаваме во процесот кој се одвива под капата на ОН, но само ако бидеме активни во тој процес ќе дојдеме до решение“, порача Иванов.
Во врска со оваа тема, Филе побарал Македонија да се фокусира на приоритетните задачи и продлабочувањето на реформските процеси кои ќе ја забрзаат интеграцијата.
„Го слушнав претседателот што рече за ова прашање. Беше учтив исто така да ја слушне мојата позиција. Во политичката дебата што ја имавме се согласивме да се фокусираме на суштината на приоритетите, за да преговорите се случат побргу а не подалеку. Нема потреба Иванов да бара од мене поддршка за евроинтегративниот процес на македонската држава. Јас го правам тоа оти верувам во проширувањето на ЕУ и верувам дека членството на Македонците во ЕУ ќе го зајакне самиот процес на проширување и од него ќе имаат бенефит сите македонски граѓани“, изјави Филе на заедничката прес-конференција со Иванов.
Шефот на македонската држава го искористи престојот во Брисел и за средба со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен. НАТО ја очекува Македонија како нова членка, согласно одлуката донесена на Самитот на Алијансата одржан во Букурешт 2008-ма година.
„Имам силна желба да ја видам вашата земја како членка на НАТО. Направивте многу за да ги исполните неопходните критериуми за членство. Постои едно крупно прашање – тоа е прашањето за името. Сите знаеме дека е најповеќе до Скопје и Атина да најдат решение во рамките на процесот под покровителство на ОН. Ги повикувам сите вклучени политички лидери да направат дополнителни напори и да дадат се` од себе за да најдат прагматично решение во таа рамка. Иако е најповеќе до Скопје и Атина (да најдат решение, н.з.) во рамки на ОН, морам да нагласам дека ние донесовме одлука во Букурешт во 2008-ма година дека сме подготвени да доделиме покана за почеток на пристапни преговори кога ќе биде најдено заеднички прифатливо решение. Таа одлука се’ уште важи. Ние сме подготвени да доделиме покана штом ќе се најде решение на спорот со името“ изјави Расмунсен по средбата со Иванов.