Програма „Бенџамин Франклин“: ученици од Европа и САД разменуваат идеи за заедничките вредности
Трансатланската студентска иницијатива Бенџамин Франклин ја спонзорира Стејт департментот, а ја реализира Универзитетот Вејк форест во сојузната држава Северна Каролина. Годинава учествуваат 58 ученици од странство и 10 од САД. Меѓу нив е Михаела Димовска од Македонија. Таа беше гостин на Гласот на Америка.