Во извештај во Вол Стрит Журнал се вели дека американската владина лабораторија лани заклучила дека теоријата оти пандемијата со Ковид-19 првично дошла од лабораторија од кинескиот град Вухан е веројатна, и заслужува понатамошна истрага.
Класифицираните извештаи, подготвени од научници во мај 2020-та на престижната националната лабораторија Лоренс Ливермур во Калифорнија, се издадени од Стејт департментот кога завршила истрагата за потеклото на пандемијата за време на последните месеци од администрацијата на Трамп.
SEE ALSO: Грција ќе снима со дронови за да види кој ќе ги прекршува ковид протоколитеАмериканскиот претседател Џо Бајден и нареди на разузнавачката заедница да го истражи потеклото на вирусот.
SEE ALSO: Белата куќа: Вакциниравме 63 отсто од популацијата во САДРазузнавачките агенции ја разгледуваат можноста дали Ковид-19 е предизвикан од лабораториски инцидент или е од контакт на човекот, со заразено животно.
Во меѓувреме, Франс прес објави дека Кина одобри итно користење на вакцината против Ковид-19 за деца над три годишна возраст, што е прва земја што нуди вакцини за таа возраст.