Од 1-ви јули по неколкумесечен карантин поради коронавирусот, европски земји ги отвораат границите за одредена листа држави каде пандемијата на Ковид-19 е успешно под контрола. САД, засега не се наоѓаат на таа листа, објави весникот Њујорк тајмс.
Стејт департментот продолжува да ги советува сите американски државјани да избегнуваат меѓународно патување.
SEE ALSO: Грција пред сериозна економска криза поради запрениот туризамСитуацијата во светот со Ковид-19 рапидно се менува, и европски официјални лица за весникот потврдија дека САД може да бидат додадени на листата земји, чии што државјани може да патуваат за Европа, ако има подобрување со епидемиолошката слика на пандемијата. Листата ќе се обновува секои две недели, објавија од ЕУ.
Од Балканот, само на жителите од Србија и Црна Гора, засега им се овозможува да летаат за ЕУ.
SEE ALSO: Ајфеловата кула повторно е отворенa за посетителиВо ваквите рестрикции исклучок се европските граѓани или државјани коишто се враќаат дома, здравствени работници, сезонски лица во земјоделството, барателите на азил, студенти, и „лица коишто патуваат поради важни семејни причини“.
Американците и натаму може да летаат за Британија и Ирска, кои се наоѓаат надвор од Шенген-зоната. Сепак, сите посетители на овие две земји мора да минат низ задолжителен 14-дневен карантин при пристигнувањето. Во Британија, казната за непочитување на карантинот е 1000 фунти.
За најновите прописи за патување во ЕУ, појдете на -