Линкови за пристапност

Ајфеловата кула повторно е отворенa за посетители


Ајфеловата кула, еднa од најпознатите знаменитости во Франција, од денеска повторно е отворенa, откако нејзините врати со месеци беа затворени поради пандемијата на коронавирусот.

Франција е сериозно погодена од вирусот, со регистрирани 29.731 смртни случаи и 161.348 потврдени инифицирани, поради што претседателот Макрон се соочи со сериозни критики поради начинот на кој неговата влада се справува со епидемијата.

Враќањето на пристапот до познатата знаменитост е уште еден знак за бавното закрепнување на Европа, бидејќи континентот се бори да го избалансира рестартирањето на економијата со грижата за безбедноста на јавното здравје.

Многу држави изразија претпазлив оптимизам во врска со летната туристичка сезона, надевајќи се дека мерките за социјално растојание и апликациите за следење на коронавирусот ќе ги охрабрат луѓето да патуваат одговорно.

Ајфеловата кула е меѓу ретките туристички атракции што дозволуваат посетители. Другите туристички атракции, како музејот Лувр, ќе останат затворени до 6 јули.

За да се заштитат посетителите, лифтовите се затворени. Отворени се само две од позициите за набљудување. Посетителите можат слободно да се искачат преку 674 скалила, според веб-страницата на Ајфеловата кула, што обично трае од 30 до 45 минути.

Кулата изгуби приход од 30 милиони долари од заклучувањето што започна во март, според нејзиниот генерален директор, Патрик Бранко Руиво и не била затворена толку долго од Втората светска војна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG