Северна Македонија почнува постапка за набавка на кинески вакцини против Ковид-19

Your browser doesn’t support HTML5

Македонија ќе набавува кинески вакцини

Во недостиг на нарачаните вакцини од американски „Фајзер“, како и оние од Ковакс-механизмот, а и од најавената помош, владата се сврте кон исток.

На владина седница министерството за здравство е задолжено да го спроведе процесот за купување 200.000 дози. Во недостиг на нарачаните вакцини од американски „Фајзер“, како и оние од Ковакс-механизмот, а и од најавената помош, владата се сврте кон исток. Овој потег, опозицијата го нарече питачење.

Во другите држави граѓаните бираат со какви вакцини ќе се вакцинираат, а министерот питачеше кај ќе стигне, последно се најде пред вратите на Кинезите
Лозановска, ВМРО-ДПМНЕ


„Фактот е еден – вакцини нема. Во другите држави граѓаните бираат со какви вакцини ќе се вакцинираат, а министерот питачеше кај ќе стигне, последно се најде пред вратите на Кинезите“, вели Олга Лозановска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Наспроти ова, Владата уверува дека многу брзо вакцини ќе стигнат – први од Ковакс-механизмот на почетокот на февруари. Во истиот период, според надлежните, ќе дојдат и првите дози од „Фајзер“.

SEE ALSO: Потврден прв случај на британскиот сој на Ковид-19 во Северна Македонија


Додека трае дебатата власт-опозиција дали државата има ефикасна стратегија за вакцинирање или не, експертите предупредуваат на опасноста од британската мутација на вирусот чиј прв случај вчера беше детектиран во земјава.

За овој вирус од Велика Британија знаеме дека многу побрзо се пренесува. Нивните податоци се дека се пренесува 70 проценти побрзо од претходните соеви
Кунгуловски, генетичар


„За овој вирус од Велика Британија знаеме дека многу побрзо се пренесува. Нивните податоци се дека се пренесува 70 проценти побрзо од претходните соеви на коронавирусот. Значи, ако требало да се заразат 10 луѓе, сега ќе се заразат 17.“, коментира генетичарот д-р Горан Кунгуловски.

SEE ALSO: Загрижувачки е процентот на одбивање на вакцината против ковид-19 на Балканот, велат македонски лекари во странство

Според Кунгуловски, реално е да се очекува овој сој на вирусот да стане доминантен во земјава, токму поради неговото брзо пренесување. Досегашните информации се дека вакцините што се на пазарот добро се справуваат и со оваа мутација. Но, проблемот е што во земјава, во која во последните 24 часа се регистрирани нови 336 случаи на Ковид-19 и 10 починати лица, се уште нема ниту една вакцина.