СКОПЈЕ - Мутацијата на британскиот сој на коронавирусот ја има и во Северна Македонија откако денеска Министерството за здравство потврди дека е детектирана кај 46 годишен маж од Скопје кој во епидимиолошката анкета навел дека не патувал во странство што наведува на фактот дека од овој тип на вирус веќе се заболени други лица.
Според официјалните податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) тој веќе се води како оздравен.
Пациентот ги имал првите симптоми непосредно пред Нова Година кога направил брз тест кој бил позитивен. неколку дена подоцна тој повторно се тестира во лабораторијата на приватната клиника Жан Митрев. тестот повторно е позитивен и тој е хоспитализиран. По десетина дена кај него е направен трет тест кој уште еднаш бил позитивен. Во текот на лекувањето тој имал средна слика.
„Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, прави брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавува на преглед во приватната болница Жан Митрев каде му е направен ПЦР тест кој е позитивен, а пациентот е веднаш хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен, објаснуваат од здравство.
Мутацијата бил откриена во лабораторијата на „Жан Митрев“ а потоа потврден и во МАНУ.
„Лабораторијата во болницата Жан Митрев со посебна ПЦР метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот. Според информацијата која ја проследија до МЗ, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабораторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2“, информираше министерот Венко Филипче.
Британскиот сој на вирусот се прошири во многу држави во Европа и светот и сега е регистриран во најмалку 60 земји а во соседството потврдени случаи има во има во Србија , Косово, Грција и Словенија. Тој за првпат се појави во Британија во септември 2020 година, а го носи името Кент, бидејќи се смета дека оттаму доаѓа и првиот пациент заразен со новиот сој на коронавирусот.
Се смета дека овој сој, поради мутацијата, многу побрзо и полесно се шири меѓу населението бидејќи протеинот што ја обложува клетката на вирусот му овозможува побрзо да навлезе во клетките на организмот.
Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон пред неколку дена изјави дека британскиот сој на коронавирусот е позаразен и можно е да има и повисока стапка на смртност.
„Сега исто така изгледа дека има докази дека новиот сој, кој за првпат беше идентификуван во Лондон и на југоистокот на Англија, може да е поврзан со повисоко ниво на смртност, до 30 отсто“, изјави Џонсон.
Во последнте 24 часа се регистрирани 394 новозаболени а деветмина пациенти ја загубија битката со вирусот. Направени се 2.236 тестирања од кои 17,6 отсто се позитивни.
Од почетокот на епидемијата, 26 февруари минатата година, заболеа 91.555 лица, од кои 80.008 се излекуваа. Досега починаа 2.821 пациент а во моментов во државата има 8.726 активни случаи од кои повеќе од половина - 4.788 се во Скопје кое е најголемото жариште на вирусот во Северна Македонија.
Facebook Forum