Фуере: Без одложување да почнат преговорите со ЕУ, а паралелно С. Македонија и Бугарија да бараат решение со посредство на трета страна

Your browser doesn’t support HTML5

Интервју: Ерван Фуере за спорот меѓу Македонија и Бугарија

Ова сугерира Ерван Фуере, поранешен амбасадор на ЕУ во Скопје и виш истражувач во Центарот за европски политики во Брисел

Глас на Америка: Северна Македонија е сериозен тест за кредибилитетот на ЕУ и можноста да направи разлика во регионот. Кој е евентуален исход и последици при договор, или не, во предизвиците со Бугарија?

Ситуација со Бугарија и ветото од Бугарија и покрај позитивната одлука од ЕУ за отворање на преговори за членство со Северна Македонија и Албанија е срамна, затоа што ја поткопува целата агенда за проширување на Унијата.
Фуере, поранешен амбасадор на ЕУ во Скопје


Ерван Фуере: Ситуација со Бугарија и ветото од Бугарија и покрај позитивната одлука од ЕУ за отворање на преговори за членство со Северна Македонија и Албанија е срамна, затоа што ја поткопува целата агенда за проширување на Унијата. Многу ветувања што ѝ беа дадени на Македонија се прекршени. Имате случај кога една членка на ЕУ го злоупотребува методот на одлучување со консензус, и става вето врз проширувањето, што е спротивно на политиката на ЕУ.

Глас на Америка: Неодамна во Брисел изјавивте дека билатералните несогласувања, кои што ги има многу на Западниот Балкан никогаш не може да се решат со вето?

Ерван Фуере: Позицијата на ЕУ е дека билатералните несогласувања мора да се решат меѓу двете страни пред членство. Меѓутоа, ЕУ мора да го смени пристапот со организирање посредништво преку трета страна, како Советот на Европа, ОБСЕ, или организации коишто имаат искуства во пронаоѓање решенија при билатерални предизвици. И како што гледаме во случајот со Бугарија доколку продолжи со своите екстремни националистички барања, тогаш нема да има надеж за Северна Македонија. Тоа е неприфатливо. Потребно е медијаторство од трета страна, а процесот за членство треба паралелно да се води, да се исклучи можноста за вето.

SEE ALSO: Спорот со Бугарија станува се покомпликуван

Глас на Америка: Кои се сценаријата за откочување на проширувањето во регионот, и на во Брисел?

Ерван Фуере: Се надевам дека сега кога имаме претседавач кој се обидува да најде компромисно решение, но притисокот ќе биде насочен кон Бугарија која треба да се убеди дека преговорите за членство треба да почнат како што се согласија сите членки на Унијата, а паралелно да се води процесот на решавање на билатерните несогласувања меѓу Македонија и Бугарија.


Глас на Америка: Колку македонските граѓани се заинтересирани за дебатата за иднината на Европа? Особено, ако се земе предвид евроскептицизмот, што отвора врата за понатамошно руско влијание и од Кина?

SEE ALSO: Словенија ќе го стави повисоко на агендата проширувањето на ЕУ

Ерван Фуере: Состојбата во Северна Македонија е извонредна. И покрај сите скршени ветувања, и натаму има силна поддршка за ЕУ интеграциите. Затоа што не гледаат друга алтернатива. Поддршката за ЕУ на Западниот Балкан е над 60% но во истовремено над 70% од младата популација сакаат да ги напуштаат земјите и да најдат работа зашто не гледаат иднина во нивните земји.

Глас на Америка: Каква треба да биде улогата на САД во поголем ангажман на Балканот, особено во олеснување на македонско-бугарскиот предизвик?

Американците очекуваат од ЕУ да го преземат лидерството, но, за жал ЕУ не го прави тоа, иако треба, токму на Западниот Балкан.
Фуере, поранешен амбасадор на ЕУ во Скопје


Ерван Фуере: Американците очекуваат од ЕУ да го преземат лидерството, но, за жал ЕУ не го прави тоа, иако треба, токму на Западниот Балкан. Тоа се гледа во неуспехот да се убеди една земја членка да не стави вето. Во многу области, ЕУ не успева да биде доследна со одговорноста кон Западниот Балкан.