Линкови за пристапност

Спорот со Бугарија станува се покомпликуван


Спорот со Бугарија станува се покомпликуван
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:32 0:00

Додека Софија мака мачи да најде решение за прашањето дали, кој и како ќе состави влада, Скопје бара начин за усогласување на позициите околу предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ со која ќе се одредат „црвените линии“ токму за разговорите со Бугарија. Опозициската партија денеска соопшти дека раководството зазело став да не отстапи од предложениот концепт по пораките што стигнаа од владејачкиот СДСМ – дека ќе го поддржи документот, но со одредени измени.

„Структурата на предложената Резолуција е концепт зад кој, за прв пат, политичките партии може да најдат минимум простор за заеднички позиции. За националните и државните интереси треба да го најдеме тоа што не обединува. Фактот што СДСМ одлучи да го промени својот став по трет пат и да отвора теми кои не се поврзани со содржината на резолуцијата, за жал ги ослабнува позициите на Македонија во било какви идни разговори со Бугарија. Обврска на државниот врв е да обединува, а не да разединува. СДСМ го прави токму второто“ вели Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја предлагаат Резолуцијата за да се усвои или за да заглави во формални процедури заради нивниот лажен патриотизам“ – реагираа социјалдемократите. Прашањето за резолуцијата за која СДСМ даде начелна поддршка дополнително се проблематизираше поради фактот дека во неа фигурира старото име на државата, што според премиерот Заев е неприфатливо.

„Во резолуцијата неколкупати се споменува Република Македонија, а во Уставот е Република Северна Македонија. Тоа е Устав и не е прашање на тоа дали нешто сакаме или не. Ако некој сака да го избегне уставото име на Република Северна Македонија, тоа нека го прави сам, ние нема да партиципираме“ рече премиерот Зоран Заев.

По ваквата позиција на Заев и ставот на ВМРО-ДПМНЕ станува неизвесно дали резолуцијата воопшто ќе помине во македонскиот парламент, а со која, како што најави опозицијата, јасно ќе се омеѓеа „црвените преговарачки позиции“ со Бугарија. Во Софија пак, ситуацијата по неделните избори се усложнува – ниту една партија или коалиција не сака да ја поддржи „Има таков народ“ на Слави Трифонов која освои најмногу пратенички места, но е далеку од потребниот број за да обезбеди мнозинство. Во такви услови, многу е веројатна опцијата Бугарија пак да оди на избори, што ќе значи дополнително забавување во разговорите меѓу Скопје и Софија, а со тоа и продолжување на блокадата на македонските евроинтеграции.

XS
SM
MD
LG