Пандемијата со Ковид-19 го намали животниот век ширум светот, според ново меѓународно истражување.
Тим истражувачи предводени од професорот за јавно здравје при Универзитетот во Оксфорд Назур Ислам ги истражуваше животните очекувања во 37 земји од средниот развој и богати држави, користејќи ги годините меѓу 2005-та и 2019-та, споредувајќи ја возраста на починатите и очекувањата за животниот век.
SEE ALSO: СЗО: Сè повеќе заразени во европските земји
Истражувањето објавено во научниот Журнал БМЈ, обелодени дека Русија има најголем пад на животниот век, каде мажите загубиле 2, 33, а жените 2,14 години. На второ место се САД – мажите загубиле 2,27 години, а жените 1,61 години. Трета е Бугарија со 1,96 години за мажите, и 1, 37 години за жените.
Во 31 држава во светот има пад на очекувањата за животниот век. Според истражувачите, овие држави загубиле околу 28 милиони дополнителни години живот.
Шест нации – Данска, Исланд, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја и Тајван, се единствени држави каде животниот век или останал на исто ниво, или се зголемил.
SEE ALSO: Вакцината на Џонсон и Џонсон има ефикасност од 74%Истражувачите потенцираат дека повеќето држави во Азија, Африка и Јужна Америка не се вклучени во истражувањето поради недостиг на официјални податоци и реалната бројка би била повисока поради пандемијата.
Од првиот случај во централна Кина во 2019-та, од Ковид-19 починаа повеќе од пет милиони луѓе во светот, а САД предводат на листата.