Линкови за пристапност

СЗО: Сè повеќе заразени во европските земји


Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека глобално бројот на нови случаи на Ковид-19 се зголемил минатата недела, а Европа имала најголем пораст, петта последователна недела.

Во извештајот за неделата која заврши на 31 октомври, СЗО вели дека бројот на нови случаи се зголемил за 3% на глобално ниво, а ова во најголем дел е поттикнато од Европа каде зголемувањето било 6%.

Во други делови од светот има намалување на бројот на нови случаи, најголемо во Источниот Медитеран каде било 12%.

Бранот кој ја зафати Русија најмногу придонесе за високите бројки во Европа. Минатата недела во еден ден беа регистрирани над 40 илјади нови случаи и речиси 1,200 починати. Ова се најлоши бројки за Русија од почетокот на пандемијата.

XS
SM
MD
LG