Високи официјални здравствени лица ќе сведочат пред конгресна комисија во време кога делови од земјата бележат скок на нови случаи со коронавирус и нов бран пациенти по болниците.
Меѓу официјалните лица кои ќе се бидат на распитот во конгресната комисија за енергетика и трговија каде фокусот ќе биде на одговорот на администрацијата на претседателот Трамп на пандемијата, ќе бидат д-р Ентони Фаучи, шефот на Националниот институт за алергии и заразни болести, директорот на Центарот за контрола и превенција на болести д-р Роберт Редфилд, шефот на администрацијата за храна и лекови д-р Стивен Хан, и првиот човек на Агенцијата за јавно здравје, Брет Гирор.
SEE ALSO: СЗО: Ако вирусот продолжи да се шири вака, здравствениот систем нема да издржиД-р Фаучи е меѓу поугледните здравствени лица коишто препорачуваат дека фокусот не треба да биде на вториот бран на вирусот во САД, зашто, земјата се уште не го надминала првиот.
SEE ALSO: СЗО: Најголем скок во еден ден на новозаразени во светотМногу сојузни држави се во фаза на олеснување на ограничувањата за социјално дистанцирање, првично воведени за запирање на ширењето на вирусот, и покрај неодамнешниот скок од новозаразени кај половина од 50-те држави.
Во САД во моментов има над 120.000 жртви и 2,3 милиони заразени од коронавирус.