Бајден: Секој возрасен во САД кој сака, ќе може да се вакцинира од 19-ти април

Националната анкета покажува дека околу 20% од возрасната популација во САД од разни причини одбива да се вакцинира.

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека секој возрасен во САД ќе може да закаже да се вакцинира против коронавирусот од 19-ти април, околу две недели порано, пред неговата првична најава дека тоа ќе може да го сторат од 1-ви мај.

SEE ALSO: САД најавија дека се прва држава што целосно вакцинирала 100 милиони лица

Како што се зголемува доставата на трите вакцините ширум САД, Бајден минатата недела рече дека околу 90% од возрасните ќе можат да закажат термин од 19-ти април, но денеска рече дека - сите возрасни, кои сакаат, ќе може да ја примат првата доза од вакцината.

SEE ALSO: Вакцинирањето во Европа е неприфатливо бавно, предупреди СЗО


Националната анкета покажува дека околу 20% од возрасната популација во САД од разни причини одбива да се вакцинира. Некои сметаат дека тоа не е опходно, или дека вакцините се штетни, а други, пак, изразуваат недоверба во владината програма за вакцинирање.

Претседателот Бајден во посета на производствен погон на фармацевтскиот гигант Фајзер

Претседателот на САД, кој ѝ самиот се вакцинираше пред да ја преземе функцијата во Белата куќа, ја објави најновата заложба на Владата за достапноста на вакцините откако посети локација за вакцинирање во руралниот дел на Вирџинија.

Последните владините бројки укажуваат дека повеќе од 62 милиони Американци се целосно вакцинирани, околу 23% од возрасната популација во САД. Повеќе од 107 милиони луѓе примиле, најмалку една доза.