Светската здравствена организација (СЗО) рече дека напорите на Европа за вакцинирање се неприфатливо бавни во време на зголемен број на заразени и нови мутации на вирусот.
СЗО ги предупреди европските лидери да го забрзат процесот со зголемување на производството на вакцини и намалување на препреките за вакцинирање.
Бројот на нови заразени во Европа падна под еден милион пред пет недели, но, СЗО вели дека сега бројот се искачил до 1,6 милиони нови случаи, и речиси 24.000 починати.
Организацијата рече дека едвај десет отсто од населението во Европа примило барем една доза вакцина, додека само четири проценти од граѓаните се целосно вакцинирани.
Facebook Forum