Линкови за пристапност

САД најавија дека се прва држава што целосно вакцинирала 100 милиони лица


СЗО изјави дека само четири отсто од населението во Европа досега примило две дози вакцина

САД најавија дека се прва држава што целосно вакцинирала 100 милиони луѓе. Најавата дојде една недела откако администрацијата на претседателот Џо Бајден ја достигна целта од администрирање на 100 милиони вакцини.

Сепак, бројот на заразени со ковид-19 и натаму се зголемува во некои делови на државата.

За разлика од САД, европските држави се мачат да ги забрзаат програмите за вакцинирање на граѓаните.

Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека само 10 отсто од населението во Европа примило една доза вакцина, а само четири отсто примило две дози.

Една од причините за доцнењето меѓу европските држави е нивната зависност од вакцината на „АстраЗенека“.

Има извештаи за згрутчување на крвта кај некои луѓе откако примиле една доза од оваа вакцина, но, производителот одбива каква било поврзаност на вакцината со ваквите компликации.

Холандија, Канада, Франција и Германија, дозволуваат да се користи оваа вакцина само за постари лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG