Во интерес на САД е Путин да не победи во Украина, изјави Столтенберг

  • VOA

Генералниот секретар на НАТО кажа дека поддршката не е милостина, туку инвестиција во „нашата сопствена безбедност“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на прес-конференција со државниот секретар на САД Ентони Блинкен, изјави дека е уверен оти САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина.

„Бидејќи во интерес на САД е да се осигураат дека претседателот Путин нема да победи во Украина“, рече Столтенберг.

Тој ги поздрави напорите на САД, но истакна дека не смее да се заборави дека „ ова е заеднички напор на сите сојузници, ова е споделување на товарот, заеднички напор на сите сојузници заедно, и тоа го правиме во знак на солидарност со Украина“.

Столтенберг кажа дека поддршката не е милостина, туку инвестиција во „нашата сопствена безбедност“.