Украина вели дека влегла во стратешко југоисточно село

Украина денес соопшти дека нејзините војници влегле во стратешкото југоисточно село, што е потенцијално значаен напредок во нејзината контраофанзива против руските сили.

Заменик-министерката за одбрана Хана Малиар на апликацијата за пораки Телеграм рече дека украинските војници организираат евакуација на цивили откако влегле во селото, но се` уште се на удар на руските сили.

Селото е 10 км (шест милји) јужно од градот Орихив во областа Запорожје, на важен пат кон Токмак, патен и железнички центар окупиран од Русија.

Заземањето на Токмак би било пресвртница додека украинските трупи притискаат на југ кон Азовското Море, воен притисок наменет да ги подели руските окупаторски сили.

Институтот за проучување на војната, американска истражувачка група и тинк-тенк, ги опиша украинските напади како „тактички значајни“.

Напредувањето во областа би можело да им овозможи на украинските сили да почнат да дејствуваат надвор од најгустите руски мински полиња што ја задржаа контраофанзивата започната на почетокот на јуни, се вели во извештајот.

Ројтерс успеа да ја потврди локацијата на воздушната снимка од распоредот на патот и позициите на зградите видени на видеото, кои се совпаѓаат со сателитските снимки од областа.

Ројтерс не беше во можност самостојно да го потврди датумот кога е снимено.

Русија, која испрати десетици илјади војници во Украина во февруари 2022 година, веднаш не ги коментираше извештаите.

Извор: Ројтерс