Џеј Ди Венс, неколку минути откако беше избран за потпретседател на САД:
„По најголемото политичко враќање во американската историја, ќе го водиме најголемото економско враќање во историјата под водство на Доналд Трамп“.
Оваа е далеку од пределите на средна Америка, Кентаки, каде што е роден Венс. Но, ова е местото што тој го вика дом.
„Кога ја запросив сопругата, ѝ реков: Имам долг од 120 илјади долари за правниот факултет и гробно место на една планина во источен Кентаки“, истакна Венс.
Бабата на Венс била позната како „Мамоу“.
„Тој секогаш доаѓаше овде со Мамоу. Го носеше на планина за да види што е планински живот, и очигледно тоа му се допаѓаше“, раскажува Џон Холан, шериф на округот Бреатит, Кентаки.
Тој е роден овде во Мидлтаун, Охајо, и израснат главно од неговата строга баба која многу пцуела и поседувала 19 наполнети пиштоли во куќата.
Со презимето на неговиот очув, Џеј Ди Хамел победил на своите први избори. Иронично, тоj бил потпретседател во неговиот клас во средното училиште во Мидлтаун. Служел како маринец, а потоа дипломирал на државниот универзитет во Охајо.
Потоа на Јеил, Венс се запознал со студентката по право Уша Чилукури - неговата идна сопруга.
Венс стана познат на национално ниво преку неговиот бестселер во 2016 година, „Хилбили елегија“, во кој се говори за работничката класа на Америка. Во документрецот, Глен Клоуз ја глуми неговата баба.
Со поддршка на поранешниот претседател Доналд Трамп, Џеј-Ди Венс - момчето од Охајо кое го сака Кентаки - беше избрано за сенатор од Охајо. И само две години подоцна.
Трамп го избра Венс за свој потпретседател. Но, Венс претходно го нарече Трамп „срам“ и тврдеше дека никогаш нема да е „човек на Трамп“.
Сега како номиниран, политиките на Венс ја одразува политиката на Трамп. И, на прашањето „дали поранешниот претседател ги загуби изборите во 2020 година?
“Не, мислам дека има сериозни проблеми со 2020та. Така, дали Доналд Трамп ги изгуби изборите? Не со зборови што јас би ги употребил“, одговори Венс.
Венс е против Кина и Источна Азија, а се противи и на воената помош за Украина. И ова го вели за конфликтот Израел-Хамас:
„Камала Харис, од една страна, вели дека навистина се грижи за цивилите. А сепак таа одбива да му даде на Израел оружје што му овозможува да ги минимизираат цивилните жртви“, изјави Венс.
Венс на 40-годишна возраст ќе биде третиот најмлад потпретседател во историјата.