Линкови за пристапност

Митинг пред инаугурацијата: Трамп најави „сосема нов ден“ и строги ограничувања за имиграцијата


„До заоѓање на сонцето утре, инвазијата врз нашата земја ќе мора да запре“, беа зборовите на Трамп кои беа пречекани со овации на синоќешниот митинг „Америка повторно силна“ во арената „Capital One“ во Вашингтон
„До заоѓање на сонцето утре, инвазијата врз нашата земја ќе мора да запре“, беа зборовите на Трамп кои беа пречекани со овации на синоќешниот митинг „Америка повторно силна“ во арената „Capital One“ во Вашингтон

Инаугурацијата е закажана за денеска на пладне, според часовната зона во којашто се наоѓа Вашингтон. Поради студентото време, претседателската заклетва Трамп ќе ја положи во ротондата на американскиот Капитол

Строги ограничувања за имиграцијата уште од неговиот прв ден на функцијата, вети Доналд Трамп на синоќешниот победнички митинг во Вашингтон, еден ден пред повторно да ја преземе функцијата како 47. претседател на САД.

„До заоѓање на сонцето утре, инвазијата врз нашата земја ќе мора да запре“, беа зборовите на Трамп кои беа пречекани со овации на митингот „Направи ја Америка повторно голема“ во арената „Capital One“ во Вашингтон.

Донал Трамп на митинг во Вашингтон на 19 јануари, по повод неговата денешна инаугурација за 47. претседател на САД
Донал Трамп на митинг во Вашингтон на 19 јануари, по повод неговата денешна инаугурација за 47. претседател на САД

Трамп го повтори своето предизборно ветување дека ќе го започне најголемиот проект за депортација во историјата на САД, а со кој би требало да бидат опфатени милиони имигранти. Меѓутоа, операција од тој размер, најверојатно, би траела со години и би била многу скапа.

Митингот наликуваше на бројните предизборни говори, какви што Трамп имашеуште од неговото прво кандидирање во Белата куќа во 2016 година.

Почнувајќи од утре, ќе дејствувам со историска брзина и ќе ја поправам секоја криза со која се соочува нашата земја
Доналд Трамп, новоизбран претседател на САД

„Ова е најголемото политичко придвижување во американската историја, а пред 75 дена ја постигнавме најепската политичка победа што нашата земја некогаш ја видела“, рече Трамп.

„Почнувајќи од утре, ќе дејствувам со историска брзина и ќе ја поправам секоја криза со која се соочува нашата земја“, истакна Трамп.

Вчерашниот митинг беше прво големо обраќање на Трамп во Вашингтон после неговиот говор на 6 јануари 2021 година, кој му претходеше на упадот на американскиот Капитол од страна на толпа негови поддржувачи. Новоизбраниот претседател на САД најави и дека ќе помилува голем дел од 1.500те лица осудени или обвинети во врска со упадот врз Американскиот Капитол.

Трамп рече дека „ќе ги отстрани радикалните идеологии од американската војска“ и ќе ѝ нареди изградба на противракетен одбранбен штит над САД.

Воени возила распоредени низ Вашингтон, на 19 јануари, во пресрет на инаугурацијата
Воени возила распоредени низ Вашингтон, на 19 јануари, во пресрет на инаугурацијата

Трамп, исто така, вети дека ќе ја ревидира „прекумерната класификација“ на владините документи. Исто така, вети дека ќе објави доверливи документи во врска со атентатите на претседателот Џон Ф. Кенеди, неговиот брат Роберт Кенеди и лидерот за граѓански права Мартин Лутер Кинг Јуниор.

Инаугурацијата е закажана за денеска на пладне, според часовната зона во којашто се наоѓа Вашингтон. Поради студентото време, претседателската заклетва Трамп ќе ја положи во ротондата на американскиот Капитол, наместо на отворено.

Голем дел од улиците околу американскиот Капитол и Белата куќа се блокирани со челични огради уште од минатата недела, а видливо е засилено полициско присуство низ градот. За безбедноста во Вашингтон се ангажирани околу 25.000 лица.

Делови од текстот се преземени од Ројтерс.

XS
SM
MD
LG