ВАШИНГТОН – Здружението на дописници од Белата куќа соопштија дека Си-Ен-Ен одбила повеќе барања за вклучување на новинари од Белата куќа во студиото за време на првата претседателска дебата меѓу актуелниот Џо Бајден и републиканскиот ривал Доналд Трамп.
Новинарите – дописници од Белата куќа кои се претставници на големи новински куќи, го придружува претседателот на странски и домашни патувања и вообичаено имаат пристап до кој било настан каде што тој зборува или се појавува во јавноста, со цел да ја информираат јавноста на САД.
Ретко се случува да биде забранет настан во САД.
„Здружението на дописници од Белата куќа е длабоко загрижено што Си-Ен-Ен ги отфрли нашите постојани барања за вклучувања во студиото“, изјави Кели О'Донел, претседателка на Здружението на дописници од Белата куќа.
„Таму сме ако нешто се случи – во свет каде што навистина се случува неочекуваното“, рече таа, и да обезбеди „контекст и увид преку директно набљудување, а не преку објективот на телевизиската продукција“.
Репортерите се таму за да видат што се зборува и прави кога микрофоните и камерите се исклучени и да обезбедат независно набљудување, напиша таа, со должности „одвоени од продукцијата на дебатата“.
О'Донел рече дека и кампањата на Бајден и на Трамп се согласиле со барањето нивното барање.
Си-Ен-Ен се согласи да дозволи само еден новинар-дописник од Белата куќа да влезе во студиото за време на паузата за рекламирање за „накратко да го набљудува амбиентот“.
Медиумот, исто така, ќе им овозможи на фоторепортерите од други медиуми да ги фотографираат кандидатите во студиото и ќе обезбеди телевизиски пренос од дебатата на други ТВ куќи.
Си-Ен-Ен воведе многу други правила за првото дебатно соочување, вклучувајќи две паузи за реклами, без реквизити и исклучени микрофони, освен кога кандидатите зборуваат.
Медиумот не одговори на барањето за коментар.
„Преседанот е важен за идните дебати“, рече О'Донел, алудирајќи на повторното соочување на Бајден и Трамп во септември.
Националната асоцијација на Афро-американски новинари, исто така, побара од Си-Ен-Ен да ги акредитира новинарите од локалните новински организации во сопственост на Афро-американци, откако ниту една од Афро-американските новински групи во Атланта не добила акредитација да биде на самото место за време на дебатата.