САД ќе испратат нов пакет помош од 200 милиони долари за Украина

  • VOA

САД денес објавија нов пакет безбедносна помош во вредност од 200 милиони долари за Украина.

Американските власти велат дека тоа е првиот дел од пакетот помош во вредност од 6,2 милијарди долари, кој претходно беше одобрен според овластувањето за повлекување на претседателот, кој гарантира брза испорака на постојните залихи на Пентагон во Украина.

Помошта вклучува муниција за противвоздушна одбрана, артилериски куршуми, противоклопни способности и дополнителна опрема за расчистување мини, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Вашингтон во моментов работи на дополнително барање за буџет за продолжување на помошта за Киев, рекоа американските власти.

„Русија секој ден убива украински цивили и ја уништува цивилната инфраструктура, а истовремено го вооружува гладот и придонесува за глобалната несигурност на храна преку уништување на цивилните пристаништа во Украина и инфраструктурата за жито“, рече Блинкен во својата изјава.

„Русија ја започна оваа војна и може да ја заврши во секое време со повлекување на своите сили од Украина и прекинување на бруталните напади. Се додека не го направат тоа, САД и нашите сојузници и партнери ќе останат обединети со Украина, онолку долго колку што е потребно“.

Дел од информациите во текстот се од Ројтерс, АП и агенцијата Франс-прес