Линкови за пристапност

САД планираат да ѝ испратат на Украина касетна муниција


Ова контроверзно оружје може да предизвика штета долго по завршување на борбите, и е забрането од 123 земји поради ризикот што го претставува за цивилите
Ова контроверзно оружје може да предизвика штета долго по завршување на борбите, и е забрането од 123 земји поради ризикот што го претставува за цивилите

Администрацијата на претседателот Џо Бајден планира да испрати касетна муниција во Украина за да ѝ помогне во тековната војна против Русија, рекоа американски официјални лица, потег што најверојатно ќе ги налути групите за човекови права.

Ова контроверзно оружје може да предизвика штета долго по завршување на борбите, и е забрането од 123 земји поради ризикот што го претставува за цивилите. Сепак, САД, Украина и Русија го немаат забрането.

Касетната муниција се очекува да биде дел од новиот пакет помош од САД за Украина што треба да биде објавен утре.

Украина и Русија користат касетна муниција на бојното поле, но Киев бараше од Вашингтон да испрати касетна муниција, бидејќи неговите сили снемале.

Досега, САД се спротивставија на обезбедувањето на касетната муниција поради ризикот што тие го претставуваат за цивилите.

Но, сега, американските власти, наводно, веруваат дека касетната муниција би била корисна во борбата на Украина против Русија, според официјални лица кои зборуваа под услов да останат анонимни бидејќи не се овластени да зборуваат јавно.

Очекуваната одлука на САД, која може да биде објавена уште денес, прво ја објави Националното јавно радио.

Дописникот на Гласот на Америка за национална безбедност Џеф Селдин придонесе за овој текст. Дел од информациите во текстот се преземени од АП, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG