Претседателот Џо Бајден ја прекина кампањата за реизбор

Претседателот Џо Бајден на прес-конференција, 11 јули 2024 година, во Вашингтон. Бајден се откажа од претседателската трка за изборите закажани во ноември 2024 година, 21 јули 2024 година.

Претседателот Џо Бајден на прес-конференција, 11 јули 2024 година, во Вашингтон. Бајден се откажа од претседателската трка за изборите закажани во ноември 2024 година, 21 јули 2024 година.

Претседателот Џо Бајден во неделата се откажа од трката за Белата куќа во 2024 година, завршувајќи ја својата кандидатура за реизбор по катастрофалната дебата со Доналд Трамп, која предизвика сомневањe за неговата способност за функцијата само четири месеци пред изборите.

Одлуката доаѓа по ескалацијата на притисокот од демократските поддржувачи на Бајден да се повлече по дебатата на 27 јуни, во која 81-годишниот претседател често даваше бесмислени одговори и не успеа да ги извади на површина многуте лажни тврдења на поранешниот претседател.

Бајден планира да го одработи преостанатиот мандат на функцијата, кој завршува на пладне на 20 јануари 2025 година.

Најголема чест во мојот живот беше да служам како ваш претседател
Џо Бајден, претседател на САД

„Најголема чест во мојот живот беше да служам како ваш претседател. И иако ми беше намерата да барам реизбор, верувам дека е во најдобар интерес на мојата партија и на државата да се откажам и да се фокусирам единствено на исполнување на моите должности како претседател до крајот на мојот мандат“, напиша Бајден во писм објавено на неговиот профил X.

Бајден, кој останува во неговата куќа во Делавер, откако минатата недела беше дијагностициран со Ковид-19, рече дека ќе и се обрати на нацијата подоцна оваа недела за да обезбеди „детали“ за неговата одлука.

Белата куќа ја потврди автентичноста на писмото.

Тој веднаш не ја даде својата поддршка зад потпретседателката Камала Харис, моменталниот фаворит на партијата за номинација на конвенцијата закажана за август во Чикаго.

Соопштението на Бајден е најновиот удар во кампањата за Белата куќа, која двете политички партии ја гледаат како најконсеквентни избори во последните генерации, кои доаѓаат само неколку дена по обидот за атентат врз Трамп на митинг во Пенсилванија.

Претпоставениот претседателски кандидат на една партија никогаш не излегол од трката толку блиску до изборите. Најблиска паралела би била со претседателот Линдон Џонсон кој погоден од Виетнамската војна, во март 1968 година објави дека нема да бара друг мандат.

Сега, демократите треба итно да се обидат да донесат кохерентност во процесот на номинација за неколку куси недели и да ги убедат гласачите дека нивниот кандидат може да ја врши работата и да го победи Трамп. Од своја страна, Трамп мора да го префрли својот фокус на нов противник по годините на напаѓање на Бајден.

Одлуката означува брз и неверојатен крај на 52-те години на Бајден во изборната политика, бидејќи донаторите, пратениците, па дури и помошниците изразија сомнежи дека тој може да ги убеди гласачите дека би можел веродостојно да ја врши фукцијата уште четири години.

Бајден го освои огромното мнозинство делегати на секој натпревар за номинирање освен еден, што требаше да ја направи неговата номинација формалност. Сега, по неговото откажување, тие делегати ќе можат слободно да поддржат друг кандидат.

Харис (59) се чини дека е природен наследник, во голем дел затоа што таа е единствената кандидатка која може директно да има пристап до касата на кампањата на Бајден, според федералните правила за финансирање на кампањата.

Со тоа што одлуката на Бајден експлицитно да не ја поддржува Харис, се чини дека се отвара голем простор за неред за партијата што ќе продолжи во до конвенцијата.

Демократската национална конвенција треба да се одржи од 19 до 22 август во Чикаго, но партијата најави дека ќе одржи виртуелна прозивка за формално да го номинира Бајден пред да започне постапката со физичко присуство.

Датумот за прозивката не е поставен, и малку е веројатно дека тоа ќе се случи бидејќи полето одеднаш е широко отворено. Харис веројатно ќе има конкуренција од другите што сакаат да дојдат на местото на Бајден.

Тоа може да создаде сценарио во кое таа и другите ќе лобираат за поддршка кај одделни државни делегации на конвенцијата.

Во 2020 година, Бајден се претстави како преодна фигура, да биде мост до новата генерација лидери. Но, штом ја обезбеди работата за која се бореше со децении, тој не сакаше да се раздели со неа.

Бајден еднаш беше прашан дали некој друг демократ може да го победи Трамп.

„Веројатно 50 од нив“, одговори Бајден. „Не, не сум единствениот кој може да го победи, но ќе го победам.“

Бајден е веќе најстариот претседател во државата и постојано инсистираше на тоа дека е подготвен за предизвикот за уште една кампања и уште еден мандат, велејќи им на гласачите сè што треба да направат е „да ме гледаат“.

И сигурно го гледаа внимателно. Неговиот лош дебатен настап поттикна растечка вознемиреност кај демократите и донаторите кои јавно го кажаа она што некои приватно го кажуваа со месеци, дека мислат оти тој нема да е способен да ја извршува работата уште четири години.

Загриженоста за возраста на Бајден го оптоварува откако тој објави дека ќе се кандидира за реизбор, иако Трамп е само три години помлад со 78 години. Повеќето Американци сметаат дека претседателот е премногу стар за втор мандат, според анкетата на Асошиетед прес од август 2023 година. Мнозинството, исто така, се сомнева во неговата ментална способност да биде претседател, иако тоа е исто така слабост за Трамп.

Бајден често забележуваше дека не е млад како порано, дека не се движи лесно и не зборува мазно како порано, но дека оди така лесно или не зборува толку лесно, туку дека има мудрост и децениско искуство, кои вредат многу.

„Ви давам збор како Бајден. Немаше да се кандидирам повторно ако не верував со целото мое срце и душа дека можам да ја работам оваа работа“, им рече тој на приврзаниците на митингот во Северна Каролина еден ден по дебатата. „Затоа што, сосема искрено, влогот е превисок“.

Но, гласачите имаа и други проблеми со него - тој беше длабоко непопуларен како лидер дури и кога неговата администрација ја водеше нацијата низ закрепнување од глобалната пандемија, претседаваше со растечката економија и донесе големи делови од двопартиска легислатива што ќе влијае на нацијата со години во иднина. Мнозинството Американци не го одобруваат начинот на кој тој ја врши работата и се соочува со постојано низок рејтинг за справување со клучните прашања, вклучително и економијата и имиграцијата.

Возраста на Бајден се појави како главен фактор за време на истрагата за неговото ракување со доверливи документи. Специјалниот советник Роберт Хур во февруари рече дека претседателот во интервјуата со истражителите бил оквалификуван како „сочувствителен, добронамерен, постар човек со слаба меморија“.

Сојузниците на претседателот ја сфатија изјавата како навреда и го критикуваа Хур што ја вклучил во неговиот извештај, а самиот Бајден луто реагираше на описите за тоа како зборувал за својот покоен син.

Мотивацијата на Бајден да се кандидира беше длабоко испреплетена со Трамп. Тој се повлече од јавната служба по осум години служење како потпретседател под Барак Обама и смртта на неговиот син Бо, но одлучи да се кандидира по коментарите на Трамп по митингот „Обедини ја десницата“ во Шарлотсвил, Вирџинија, во 2017 година, кога бели супремацисти протестираа во градот заради отстранувањето на спомениците на Конфедерацијата.

Трамп рече: „Имаше многу лоши луѓе во групата, но имаше и луѓе кои беа многу добри од двете страни. Од двете страни“.

Тоа што актуелниот претседател не ги осуди недвосмислено расизмот и надмоќта на белите супремацисти, длабоко го навреди Бајден. Потоа, Бајден победи на изборите во 2020 година, а Трамп одби да признае пораз и стоеше со часови додека неговите приврзаници упаднаа во Капитолот на САД на 6 јануари 2021 година, со насилство врз органите на редот во неуспешниот обид да ја поништи победата на Бајден.

„Ако Трамп не се кандидираше, не сум сигурен дека би се кандидирал“, рече Бајден еднаш за време на предизборен настан.