Насилството од 6 јануари 2021 година е толку централно во напорите за реизбор на Доналд Трамп што отворил предизборен митинг со песна од мажи осудени за нападот на Конгресот тој ден.
„Ги слушнавте заложниците како пеат. Тоа беа заложници. Тие се заложниците Џеј-Сикс што ги нарекувам“, рече Трамп.
Толпата навива кога Трамп ги нарекува бунтовниците патриоти и заложници, наместо осудени криминалци.
„За време на Џо Бајден, американските патриоти се апсат и држат во заробеништво како животни“, додаде Трамп.
Во песната што Трамп ја снимил со хорот „ЏејСикс Присон“, тој ја рецитира заклетвата за лојалност кон знамето на САД.
„Несоодветно е да се користи заклетвата за поддршка на обвинетите за насилниот бунт против Конгресот. Значи, мислам дека критичарите се во право во тој поглед. Се разбира, изговорот на Доналд Трамп или неговото објаснување, е дека всушност тие се вистински патриоти“, смета Џенифер Мерсиека од Универзитетот на Тексас.
„Ќе се однесуваме кон нив праведно. И ако тоа подразбира помилување, ќе ги помилуваме“, најавува Трамп.
Кампањата на Бајден, исто така, зборува за насилството од 6 јануари, не како патриотизам, туку како закана за демократијата.
„Тие беа бунтовници, а не патриоти. Тие не беа таму за да го поддржуваат Уставот; тие беа таму за да го уништат Уставот“, вели Бајден и додава: Ако биде реизбран, тој сака да го помилува, цитирам, секој од нив.
„Нападот на Трамп врз демократијата не е само дел од неговото минато. Тоа е она што тој го ветува за во иднина“, додава Бајден.