Линкови за пристапност

Оние кои извршиле насилство на 6 јануари очигледно не треба да бидат помилувани, кажа Џеј-Ди Венс


Повеќе од 1.500 луѓе се обвинети за федерални кривични дела кои произлегуваат од опсадата на Конгресот за да ја спречат потврдата на победата на демократот Џо Бајден во 2020 година
Повеќе од 1.500 луѓе се обвинети за федерални кривични дела кои произлегуваат од опсадата на Конгресот за да ја спречат потврдата на победата на демократот Џо Бајден во 2020 година

Новоизбраниот потпретседател Џеј-Ди Венс вели дека луѓето одговорни за насилството за време на немирите во Конгресот „очигледно“ не треба да бидат помилувани, како што новоизбраниот претседател Доналд Трамп ветува дека ќе ја искористи својата моќ за помилување на многу од оние кои беа осудени за обидите да ги поништат резултатите од изборите што ги загуби Трамп на 6. јануари 2021 година.

Венс во интервју за „Фокс Њуз Сандеј“ инсистираше на тоа дека прашањето за помилување е „многу едноставно“, велејќи дека оние што „протестирале мирно“ треба да бидат помилувани и „ако сте извршиле насилство тој ден, очигледно не треба да бидете помилувани“.

Тој подоцна рече дека во некои случаи има „малку сива зона“.

Повеќе од 1.500 луѓе се обвинети за федерални кривични дела кои произлегуваат од опсадата на Конгресот во која беа повредени повеќе од 100 полицајци, а законодавците беа принудени да се кријат додека се состанаа за да ја потврдат победата на демократот Џо Бајден во 2020 година.

Стотици луѓе кои не учествувале во уништување или насилство беа обвинети само за прекршочни дела за нелегално влегување во Капитол.

Други беа обвинети за кривични дела, вклучително и за напад на полицајци.

Во објавата на Икс, Венс одговори на критиките од поддржувачите на бунтовниците во Капитол дека неговата позиција не отишла доволно далеку за да ги ослободи сите осудени.

„Со години ги бранам овие момци“, рече тој. „Ве уверувам, ние се грижиме за неправедно затворени луѓе“.

XS
SM
MD
LG