Одделот за правда вчера им наложи на федералните обвинители во Њујорк да ги отфрлат обвиненијата за корупција против градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, се вели во меморандум на вршителот на должноста заменик-државен обвинител Емил Боув.
Боув, политички назначен од претседателот Доналд Трамп, интервенираше во случајот, велејќи дека обвинението против Адамс се меша во неговата кампања за реизбор на градоначалник во 2025 година.
Портпаролот на обвинителството на Менхетн, кое ги покрена обвиненијата, одби да коментира.
Обвинителите сè уште не му укажале на судијата што го надгледува случајот дека планираат да го откажат случајот, покажаа судските записи во понеделникот вечерта.
Адамс се товари за примање патни поволности од турски официјални лица и политички донации од странци во замена за преземање активности во корист на Турција.
Адамс се изјасни за невин.