Многу e близу до договор за ослободување на дел од израелските заложници, рече Бајден

Не сакам да навлегувам во детали бидејќи ништо не е направено додека тоа не се направи, рече Бајден пред новинарите во Белата куќа пред настанот за справување со трговијата со фентанил

Американскиот претседател Џо Бајден денес рече дека e „многу блиску“ до договор за ослободување на дел од над 200 заложници кои Хамас ги држи во Газа.

„Мојот тим е во регионот и се движи меѓу главните градови. Сега сме многу блиску, многу блиску, да донесеме некои од овие заложници дома многу наскоро. Но, не сакам да навлегувам во детали бидејќи ништо не е направено додека тоа не се направи“, рече Бајден пред новинарите во Белата куќа пред настанот за справување со трговијата со фентанил.

„Кога ќе имаме повеќе да кажеме, ќе кажеме“, додаде тој.

Оптимизмот на Бајден ги повтори сличните коментари кои доаѓаат од Блискиот Исток.

Лидерот на Хамас денес рече дека договорот за примирје со Израел е блиску, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека се надева наскоро на добри вести за заложниците, најоптимистички сигнали досега за договор за прекин на борбите и ослободување на заложниците.