Демократскиот конгресмен Гери Коноли од Вирџинија вели дека маж со безбол палка влегол во неговата канцеларија во Ферфакс, го побарал и нападнал двајца негови работници, објави Асошиетед прес.
Полицијата на округот објави во твит дека осомничениот е во притвор и оти жртвите се лекуваат од повреди што не се опасни по живот.
Демократот од Вирџинија рече дека мажот влегол во неговата канцеларија утрово и го побарал пред да „изврши чин на насилство“, повредувајќи го неговиот директор за контакт и стажант кој бил прв ден на работа.
Тој рече дека не ги знае за мотивите за нападот.
Извор: АП