Линкови за пристапност

Лицето што го нападна сопругот на Пелоси сакал да ѝ ги скрши колената на спикерката


Дејвид Депапе (42) денес треба да се појави во суд
Дејвид Депапе (42) денес треба да се појави во суд

Обвинетиот за напад на сопругот на спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси ѝ кажал на полицијата дека сакал да ја држи демократската лидерка како заложник и „да ѝ ги скрши колената“ за да им покаже на другите членови на Конгресот дека ќе има последици од нивните делувања, објави Асошиетед прес.

Тој денес треба да се појави во суд.

Во федерална жалба, официјалните лица велат дека Дејвид Депапе (42), упаднал во домот на Пелоси во Сан Франциско рано наутро во петокот, барајќи ја Ненси.

„Оваа куќа и самата спикерка беа конкретни мети“, рече окружниот обвинител во Сан Франциско Брук Џенкинс, на прес-конференцијата вчера вечерта, објавувајќи ги државните обвиненија против Депапе, вклучително и обид за убиство.

„Ова беше политички мотивирано“, рече Џенкинс.

Во изјавата доцна во понеделникот, спикерката Пелоси рече дека нејзиното семејство е „најблагодарно“ за „илјадниците пораки кои пренесуваат загриженост, молитви и топли желби“.

Нејзиниот сопруг по нападот бил опериран поради фрактура на черепот и други повреди. Таа рече дека тој има „стабилен напредок во она што ќе биде долг процес на закрепнување“.

Нападот на Пелоси се поврзува со нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

На помалку од две недели пред изборите на 8 ноември, кои ќе ја одредат контролата врз Конгресот, како и клучните позиции на федерално и сојузно ниво, овој напад е вознемирувачки потсетник за токсичната политичка клима во државата.

Со заканите кон јавните службеници на највисоко ниво досега, членовите на Конгресот беа повикани да донесат дополнителни безбедносни мерки, вклучително и зголемени полициски патроли во нивните заедници.

XS
SM
MD
LG