Линкови за пристапност

Напаѓачот на сопругот на Пелоси носел со себе пластичен конец и лепак


Пол Пелоси останува хоспитализиран и продолжува да се подобрува,  стои во информацијата на Ненси Пелоси до колегите
Пол Пелоси останува хоспитализиран и продолжува да се подобрува,  стои во информацијата на Ненси Пелоси до колегите

Лицето осомничено за напад на сопругот на спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, носел пластичен конец и лепак кога упаднал во домот на Пелоси во Сан Франциско, според лице информирано за истрагата, објави АП.

Нападот се поврзува со нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Лицето не беше овластено јавно да разговара за случајот Пелоси и зборуваше за Асошиетед прес вчера под услов да остане анонимно.

Нападот врз 82-годишниот Пол Пелоси, помалку од две недели пред изборите на 8 ноември, кои ќе ја одредат контролата врз Конгресот, како и клучните позиции на федерално и сојузно ниво, е вознемирувачки потсетник за токсичната политичка клима во државата.

Со заканите кон јавните службеници на највисоко ниво досега, членовите на Конгресот беа повикани да донесат дополнителни безбедносни мерки, вклучително и зголемени полициски патроли во нивните заедници.

Шефот на американската полиција во Капитол Џеј Томас Мангер, во информацијата до законодавците викендов, рече дека нападот „е мрачен потсетник на заканите со кои се соочуваат избраните функционери и семејствата во 2022 година“.

Полицијата во Сан Франциско соопшти дека нападот на Пол Пелоси бил намерен. Властите рекоа дека осомничениот, идентификуван како Дејвид Депапе (42), се соочил со Пол Пелоси во семејниот дом и прашале каде е Ненси.

Пол Пелоси останува хоспитализиран и „продолжува да се подобрува“, стои во информацијата на Ненси Пелоси до колегите.

XS
SM
MD
LG