Организацијата за забрана на хемиското оружје очекува да добие дополнителни информации викендов
Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) соопшти дека денес од Сирија добила делумен инвентар на хемискиот арсенал на земјата, што претставува почеток на процесот на ставање под контрола на сириското хемиско оружје.
Според портпаролот Мајл Луан, меѓународната организација очекува да добие дополнителни информации викендов.
Американски и руски претставници минатата недела се согласија на временските рокови за елиминирање на сириската програма за хемиско оружје, а еден од нив беше официјален Дамаск во рок од седум дена да поднесе сеопфатна листа на хемискиот арсенал.