Леброн Џејмс и Двејн Вејд – носители на победата за гостите од Мајами
Мајами хит изедначи на 2:2 во серијата „најдобар од седум“ против Сан Антонио спарс со резултат 109:93 во финалето на НБА.
Кај гостите, најпрецизни беа Леброн Џејмс со 33 и Двејн Вејд со 32 поени. Кај домаќините, најдобри - Тим Данкан со 20 и Тони Паркер со 15 поени.
Во текот на натпреварот, двата тима беа изедначени и го менуваа водството, но во четвртата четвртина Мајами постигна 28, а Сан Антонио само 17, што се покажа пресудно за крајниот исход и победата на Хит.
Според статистиката, бројот на загубени топки го реши победникот на синоќешниот натпревар во преполната сала во Сан Антонио. Домаќините имаа 18, наспроти мотивираните гости кои загубија само 9 топки.
Следниот меч се игра во недела во Сан Антонио.