Испораките на „Ф-16“ ќе се забрзаат со полска помош, кажа Зеленски

Полска, која граничи со Украина и е близок сојузник за време на војната, не е една од земјите што ветија дека ќе ги снабдуваат авионите на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес рече дека Полска донела одлука со која ќе се забрза испораката на многу потребните авиони Ф-16 за Украина, но не кажа за што станува збор.

Полска, која граничи со Украина и е близок сојузник за време на војната, не е една од земјите што ветија дека ќе ги снабдуваат авионите на Украина.

Нема моментален коментар од кабинетот на полскиот премиер Доналд Туск за изјавата на Зеленски.

„Денес имаме позитивна одлука од полската Влада за конкретно прашање, што ќе ѝ овозможи на Украина побрзо да добие авиони Ф-16“, рече Зеленски на Икс, без да наведе повеќе детали.

Киев очајно ги чека на испораките на првите Ф-16, за кои се надева дека ќе ги подобрат неговите капацитети за воздушна одбрана и ќе помогнат во одбивањето на редовните руски воздушни напади со долг дострел.

Минатата недела, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека првите авиони од Данска и Холандија веќе биле на пат кон Украина.