Предупредување: Видеото содржи графички прикази што за некои може да бидат вознемирувачки. Советуваме претпазливост.
За повеќе од 290 дена од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, израелската армија уби повеќе од 39,000 луѓе, мнозинството цивили, според здравствените власти во Газа. Најголем дел од 2.3 милиони населие од енклавата беа протерани од нивните домови.
„Не можеме да го свртиме погледот од овие трагедии. Не можеме да си дозволиме да не реагираме на страдањето, и јас нема да молчам“, истакна Харис.
По средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот, американската потпретседателка Камала Харис излезе со силен повик за прекин на војната. Таа ја повтори поддршката за правото на Израел на самоодбрана, по 7 октомври кога Хамас изврши напад и уби околу 1,200 Израелци.
Но таа беше многу поостра во критиката за водењето на војната отколку претседателот Џо Бајден, кој исто така се сретна со Нетанјаху во четвртокот.
„Добродојдовте господине премиере. Имаме многу да разговараме“, рече Бајден.
Во петокот, вниманието на Нетанјаху беше кон поранешниот претседател Доналд Трамп со кого се сретна во неговата резиденција во Флорида. Трамп не беше среќен кога израелскиот лидер му честиташе на Бајден за победата на изборите во 2020, јавно критикувајќи го за војната. Но изгледа дека двајцата ги подобрија односите.
„Ако победиме, ќе. биде многу едноставно. Се ќе се среди и тоа многу брзо. Ако не победиме, вие ќе завршите со големи војни на Блискиот исток и можеби и трета светска војна“, истакна Трамп.
Трамп не даде докази за ова тврдење.
Тој ја истакна про-израелската политика за време на неговиот прв мандат, вклучувајќи го медијаторството во договорот за нормализирање на израелските дипломатски односи со некои арапски соседи. Тој исто така ја призна израелската анексија на Голанската висорамнина.
Под голем притисок да ги освои повторно гласачите кои се лути на упорното поддржување на Израел од страна на Бајден, Харис може да бара побалансиран приод. Но кој и да победи, новата администрација во Вашингтон може да донесе промена во американско-израелските односи, сеедно дали Нетанјаху ќе остане на власт.
„Очигледно, кој и да е премиер. ќе треба да се справи од една страна, со покритичен демократски приод под Камала Харис, и со друг што е непредвидлив под Претседателот Трамп“, смета Арон Дејвид Милер од Фондацијата „Карнеги“ за меѓународен мир.
Истражувањата на јавно мислење покажуваат дека повеќе Американци се против вво споредба со оние кои ја поддржуваат израелската воена акција во Газа, особено меѓу демократите.