Ромни ќе ги објави своите даноци

Ромни ќе ги објави своите даноци

Американскиот републикански претседателски кандидат Мит Ромни вели дека неделава ќе ги објави документите за своите даночни исплати за последниве две години, велејќи дека било грешка на неговата кампања што тоа не го сторила порано.

Поранешниот гувернер на Масачусетс за Фокс Њуз Сандеј кажа дека необјавувањето на даночните документи биле одвлекување на вниманието и му наштетило на кампањата во Јужна Каролина каде изгуби од поранешниот спикер на Претставничкиот дом, Њут Гингрич.

Гингрич победи со 40 проценти од гласовите среде рекорден одзив на гласачите, а Ромни беше на второ место со 28 проценти.

На трето место беше поранешниотсенатор Рик Санторум од пенсилванија со 17 проценти, по кого дојде конгресменот Рон Пол од Тексас со 13 проценти.

Битката сега ќе се води за следната држава со прелиминарни избори – Флорида. Републиканците таму ќе гласаат на 31 јануари.