Блинкен разговарал со Пол Вилан, притворениот Американец во руски затвор

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес телефонски разговарал со американскиот државјанин Пол Вилан, кој се наоѓа во руски затвор, според извор запознаен со повикот.

Блинкен му рекол на Вилан „да ја задржи вербата и правиме се` што можеме за да те вратиме дома што е можно поскоро“, објави Си-Ен-Ен, цитирајќи извор.

Вилан, поранешен американски маринец, беше уапсен во 2018 година, држен 18 месеци во затворот Лефортово во Москва и осуден на 16 години затвор во 2020 година под обвинение за шпионирање.

Тој ги отфрли обвинувањата.

САД го означија Вилан како „погрешно приведен“, термин кој всушност вели дека обвиненијата се лажни и дека случајот е политички воден.

Извор: Ројтерс