Караџиќ пристигна во Хаг

Караџиќ пристигнал во Холандија пред зора, со авион, од Белград, каде беше држен од апсењето минатата недела по дванаесет години криење.

Караџиќ е обвинет за геноцид за неговата наводна улога во масакрот од 1995 на осум илјади Муслимани во Сребреница.

Вчера се случија судири на ултранационалистите и полицијата во Белград. Притоа најмалку 44 лица биле повредени.