„Јас сум најквалификуван да бидам претседател, еднаш го победив Доналд Трамп и ќе го повторам тоа“, рече актуелниот американски претседател Џо Бајден за време на прес-конференција - настан под будното око на јавноста поради сомневањата за неговите психофизички способности.
Бајден направи лапсус, на прашањето дали има загриженост за способноста на потпретседателката Камала Харис да го победи Доналд Трамп во случај таа да биде негов противник - нарекувајќи ја потпретседател Трамп, што е презимето на веројатната републиканка, кандидат на ноемвриските претседателски избори. Бајден, исто така, истакна дека најмалку пет американски претседатели имаат полоши бројки во изборните анкети во споредба со неговите сегашни проценти.
„Јас сум оптимист за иднината“, рече Бајден. „Сакам да ја завршам работата“, изјави Бајден.
Тој истакна дека е во добра здравствена состојба и дека ќе направи уште еден невролошки преглед - доколку му препорачаат лекарите. „Имав три невролошки прегледи, последниот во февруари, лекарите ми рекоа дека сум во добра форма. Не очекувам сите да бидат задоволни од тоа што го работам или од бројот на лекари што ги имам“, изјави американскот претседател.
Тој нагласи дека не влегол во претседателската трка размислувајќи за своето наследство - туку, како што рече, да ја заврши работата.
Тој повтори дека немаше да ја избере Камала Харис за потпретседател доколку таа не беше квалификувана за таа работа. Тој зборуваше во суперлариви за нејзината кариера како сенатор и обвинител што и претходеше на потпретседателската позиција.
Тој исто така истакна дека таа енергично се залагала за зачувување на правата на жените во последните четири години. „Таа е квалификувана да биде претседател. Затоа ја избрав неа“, рече Бајден.
Запрашан за лапсусот во пресрет на прес-конференцијата, кога за време на програмата на Самитот на членките на НАТО, тој по грешка му се обрати на украинскиот претседател Володимир Зеленски со името на рускиот претседател Владимир Путин - Бајден тврди дека ниту еден светски лидер не се спротивставил на него во врска со организацијата на настанот.
Бајден ги отфрли наводите на едно од новинарските прашања според кое тој наводно признал дека не е истиот како порано и дека му треба повеќе одмор и порано пензионирање.
„Реков дека би било попаметно некои работи од мојата агенда да почнам порано. Погледнете го мојот распоред по дебатата и ќе видите дека е полн. А што направи Трамп после тоа - играше голф, додека јас имав дваесет сериозни настани.
Запрашан дали може да увери дека повеќе нема да има лоши ноќи, што го наведе како причина за неговиот неубедлив настап за време на претседателската дебата, Бајден одговори дека таквите гаранции се обезбедени со добро завршената работа.