Наша обврска и предизвик е да ги оствариме уставните измени, порача спикерот Африм Гаши

Your browser doesn’t support HTML5

Мислам дека релациите меѓу Северна Македонија и НАТО се одлични. Веќе четврта година сме полноправна членка на НАТО, изјави претседателот на Собрание Африм Гаши, кој учествува на Парламентарното собрание на НАТО по повод 75- годишнината од основањето на Алијансата.

Во ексклузивно интервју за Гласот на Америка на македонски, говори за соработката на Северна Македонија во рамките на НАТО, нејзиниот придонес и идните предизвици на Алијансата, но и за евроинтеграцијата и уставните промени.

Мислам дека релациите меѓу Северна Македонија и НАТО се одлични. Веќе четврта година сме полноправна членка на НАТО. Релации на нашата држава со НАТО се на највисоко можно ниво. Што се однесува до 75 години од формирањето на НАТО, денеска заврши Парламентарното собрание на НАТО. Фокусот беше на Украина, на предизвиците на времето за Алијансата, како на пример, Кина, која претставува ризик по безбедносна на глобалните односи. Зборуваме за инвестициите и за одвојувањето на најмалку два отсто од буџетот за одбраната, за да може НАТО да остане стабилен и силен и да му пркоси на времето“, изјави Гаши.

„Нормално, наша обврска и наш предизвик е да ги оствариме тие уставни измени, но нормално кога ќе дојде време. И, тоа под услови под кој ќе се загарантира идентитетот, културниот, етничкиот и јазичен идентитет на Македонците првенствено, но и на сите граѓани на државата.

Глас на Америка: Дали ќе притиснете за уставни измени, и што, ако тие не се случат? Ќе ја напуштите ли коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ?

Гаши: Не ја разбирам политиката како условување и начин на поставување на такви услови. Политиката е умешност на можното. Треба да се разговара што е можно, во какви рамки, дали е тоа во интерес на граѓаните. Треба да се водиме од интерес на граѓаните, од интересот на државата и во рамки на тие принципи и критериуми да се однесуваме сите заедно.