И со истечени лични документи ќе се гласа на овие избори – измени на Изборниот законик

Собранието денеска, со огромно мнозинство, ги усвои измените на Изборниот законик кои меѓу другото предвидуваат преодна одредба - избирачите да може да гласаат со лична карта или пасош чија важност истекла во периодот од 9 месеци до денот на одржувањето на изборите.

Се намали опасноста проблемот со издавањето на лични документи со новото уставно име, процес закочен поради илјадниците барања и недостатокот на образци, да се одрази врз претстојните претседателски и парламентарни избори и правото на граѓаните да гласаат.

Your browser doesn’t support HTML5

Северна Македонија: Променет изборен законик

Собранието денеска, со огромно мнозинство, ги усвои измените на Изборниот законик кои меѓу другото предвидуваат преодна одредба - избирачите да може да гласаат со лична карта или пасош чија важност истекла во периодот од 9 месеци до денот на одржувањето на изборите.

Измените кои беа донесени по брза постапка синоќа, со поддршка и на мнозинството и на опозицијата, беа поднесени до Собранието.

Целта на предлогот на законот е да се допрецизира правната рамка како и да се уредат одредбите од постојното законско решение.
Костовски, СДСМ

„Со преодната одредба се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од 9 месеци до денот на одржувањето на изборите. Исто така, во избирачкиот список ќе бидат впишани и сите полнолетни граѓани кои имаат живеалиште на територијата на земјава. Целта на предлогот на законот е да се допрецизира правната рамка како и да се уредат одредбите од постојното законско решение за транспарентен изборен процес.“, вели Мартин Костовски од СДСМ.

Ова прашање во изминатиот период доведе до разногласие во техничката влада меѓу министерот за внатрешни работи. Тошковски тврдеше дека постои опасност илјадници граѓани да не можат да гласаат, Џафери одговори има доволно време.

„На најмалку 100 000 луѓе ќе им биде ускратено правото на глас, без уво да им чуе на пратениците и на функционерите кои до вчера не убедуваа декасе е розово во државата. Како не им е срам. Нека си ја сработат работата за која плата земаат“, истакна Панче Тошковски, технички министер за внатрешни работи.

Секој еден граѓанин да иницира да добие соодветен документ. Ова е по динамика на работа на МВР.
Џафери, технички премиер

„Имајќи предвид дека има уште 50 дена до изборите, со оваа динамика 100 000 на лица што се вртат како информација дека немаат документ, во текот на март месец можат сите да се опремат со соодветни документи. Но, треба секој еден граѓанин да иницира да добие соодветен документ. Ова е по динамика на работа на МВР“, оцени Талат Џафери, премиер на техничката влада.

Со денеска изгласаните измени на Изборниот законик поминаа и дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР нотирани во претходните изборни циклуси кои се однесуваат на законската рамка, постапката на приговор, жалбената постапка за заштита на избирачкото право, набљудувањето на изборите, регистрацијата на гласачи, изборната кампања и нејзиното финансирање, медиумското преставување на учесниците во изборниот процес.