Депозитите на Американците се безбедни, рече Јелен

Секретарката за финансии на САД, на сослушување во Конгресот, рече дека владата осигурала сите штедачи, вклучително и оние кои поседуваат неосигурени средства над 250.000 долари, да бидат заштитени со федерално осигурување

Секретарката за финансии на САД Џенет Јелен им рече на законодавците дека американскиот банкарски систем останува здрав иако две регионални банки пропаднаа минатата недела.

Таа му рече на Комитетот за финансии на Сенатот дека Американците „можат да се чувствуваат сигурни“ дека нивните депозити „ќе бидат таму кога ќе им требаат“.

Јелен рече дека владата „презеде решителни и силни активности за да ја зајакне довербата на јавноста во банкарскиот систем на САД“ со тоа што се осигурала дека сите штедачи, вклучително и оние кои поседуваат неосигурени средства над 250.000 американски долари, да бидат заштитени со федерално осигурување на депозитите.

Некои критичари потегот на владата го нарекоа спасувачка програма, но инвеститорите ги загубија своите финансиски акции во двете банки, нешто што не би се случило во нормалната дефиниција за спасување, а нивните директори беа отпуштени.

Сенаторот Мајк Крапо од Ајдахо, водечкиот републиканец на Комитетот, рече: „Загрижен сум поради преседанот на гарантирање на сите депозити“, нарекувајќи ја федералната акција за спасување „морална опасност“.

„Нервите се секако изнемоштени во овој момент“, рече претседателот на Демократската комисија, сенаторот Рон Вајден.

„Еден од најважните чекори што Конгресот може да ги преземе сега е да се осигура да нема прашања за целосната верба во САД“, мислејќи на зголемувањето на границата на долгот на земјата од 31,4 трилиони долари во следните неколку месеци, за да може владата да се задолжи со повеќе пари за да продолжи да ги плаќа своите сметки.

Некои републиканци побараа големи намалувања на трошоците во замена за зголемување на лимитот на долгот, додека Белата куќа побара усвојување на зголемување на лимитот, што не е директно поврзано со кратења на трошоците.

И републиканските и демократските законодавци рекоа дека нема да го намалат здравственото осигурување и пензиите за постарите Американци.

Берзите, и во Европа и во САД, драстично пораснаа вчера, откако Credit Suisse објави дека ќе позајми речиси 54 милијарди долари од швајцарската централна банка за да ги зајакне своите финансии.