Линкови за пристапност

Американската влада ја неутрализира потенцијалната криза по затворањето на две големи банки


Регулаторите, исто така, рекоа дека даночните обврзници нема да ги сносат загубите поврзани со затворањето на двете банки
Регулаторите, исто така, рекоа дека даночните обврзници нема да ги сносат загубите поврзани со затворањето на двете банки

Американскиот претседател Џо Бајден во понеделник треба да зборува за банкарскиот систем на нацијата, откако владата се обиде да ја неутрализира потенцијалната криза по затворањето на две големи банки.

Бајден во изјавата во неделата рече дека е „цврсто посветен да ги повика одговорните за овој хаос“. Тој рече дека „целосно сме одговорни да продолжиме со нашите напори да го зајакнеме надзорот и регулирањето на поголемите банки за да не бидеме повторно на оваа позиција“.

Американскиот Оддел за финансии во неделата соопшти дека штедачите во калифорниската Банка на Силиконската долина и Сигничер Банк со седиште во Њујорк ќе имаат пристап до сите нивни пари во понеделник.

Регулаторите, исто така, рекоа дека даночните обврзници нема да ги сносат загубите поврзани со затворањето на двете банки.

Американските финансиски регулатори ја затворија банката во Силиконската долина минатиот петок, откако загриженоста за финансиската состојба на банката доведе до тоа голем број штедачи истовремено да ги повлечат своите пари.

Со имот од околу 200 милијарди долари, Банката на Силиконската долина беше втора по големина во историјата на САД. Банката беше силно вклучена во финансирањето на фирмите за ризичен капитал, особено во технолошкиот сектор.

Другата банка, Сигничeр Банк, исто така, имаше голем дел од клиенти во технолошкиот сектор, вклучувајќи ги и крипто-валутите. Во време на затворања на Банката, со имот од над 100 милијарди долари, ова е трета Банка по големина во историјата на САД.

И двете банки беа погодени од растот на каматните стапки, што негативно влијаеше на пазарните вредности на значителни делови од нивните средства како што се обврзниците и хартиите од вредност поддржани со хипотеки.

Банката на Англија, исто така, објави во понеделникот продажба на подружницата на Банката на Силиконската долина во Обединетото Кралство - HSBC со цел да се стабилизира банката, „обезбедувајќи го континуитетот на банкарските услуги, минимизирајќи го нарушувањето на технолошкиот сектор и поддржувајќи ја довербата во финансискиот систем“.

Во соопштението на Банката на Англија се вели дека сите пари на депонентите се безбедни.

XS
SM
MD
LG