Гарланд не се противи да се прогласи Групата Вагнер како „странска терористичка организација“

Притиснат од сенаторот Греам да одговори дали „ќе се спротивстави да ја означи како странска терористичка организација“, Гарланд рече: „Не се противам, но на крајот последниот збор го има - Стејт департментот“, рече тој.

Американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд вели дека не би се противел на прогласувањето на руската платеничка група Вагнер како „странска терористичка организација“, нарекувајќи го нејзиниот основач, Евгениј Пригожин, „воен злосторник“.

Во сведочењето пред Сенатската комисија за правосудство Гарланд беше прашан од републиканскиот сенатор Линдзи Греам, цврст поддржувач на Украина, дали се согласува дека групата Вагнер „треба да биде странска терористичка организација, според американскиот закон“?

„Мислам дека тие се организација која врши воени злосторства, организација која им штети на САД“, рече Гарланд, истакнувајќи дека ознаката е направена од Стејт департментот.

Греам, заедно со двопартиска група сенатори, спонзорира закони, со кои државниот секретар ќе ја назначи Групата Вагнер како странска терористичка организација.

Притиснат од сенаторот Греам да одговори дали „ќе се спротивстави да ја означи како странска терористичка организација“, Гарланд рече: „Не се противам, но на крајот последниот збор го има - Стејт департментот“, рече тој.

Иако Одделот за правда не е директно вклучено во назначувањето странски терористички групи, коментарите на Гарланд претставуваат поддршка за администрацијата во случајот со Групата Вагнер.

Пред да направи назначување, од државниот секретар се бара да се консултира и со јавниот обвинител и со секретарот за финансии на САД.