Линкови за пристапност

САД започна агресивна национална стратегија за сајбер безбедност


Администрацијата на Бајден се залага за посеопфатни федерални регулативи за дигиталниот свет кој треба да биде побезбеден, заштитен од хакери, вклучително и одговорностите за сајбер безбедност да бидат ставени подалеку од потрошувачите како и нападите со откупни софтвери да бидат третирани како закани од национална безбедност.

Планот е дел од националната сајбер стратегија што администрацијата ја објави денес, во која се наведени долгорочните цели за тоа како поединците, владата и бизнисите можат безбедно да работат во дигиталниот свет. Ова вклучува ставање товар на компјутерската и софтверската индустрија за развој на производи „безбедни по дизајн“ кои се намерно дизајнирани, изградени и тестирани за значително да го намалат бројот на искористливи недостатоци пред да бидат претставени на пазарот.

Стратегијата „фундаментално го реконструира американскиот сајбер-социјален договор“ и „ќе ја ребалансира одговорноста за управување со сајбер ризикот на оние кои се најспособни да го поднесат“, рече в.д. националниот сајбер-директор Кемба Валден во средата на брифинг за новинарите.

Валден истакна дека барањето од поединци, малите бизниси и локалните власти да го преземат најголемиот дел од товарот на сајбер безбедноста „не е само неправедно, туку е неефикасно“.

„Најголемите, најспособните и најдобро позиционираните актери во нашиот дигитален екосистем можат и треба да понесат поголем дел од товарот за управување со сајбер ризиците и чувањето на сите нас безбедни“, додаде таа.

Стратегијата беше направена како последица на серија големи сајбер напади, вклучувајќи го и нападот со откуп на гасоводот во 2021 година и сајбер-прекршувањето на федералните владини агенции од Solar Winds во 2019-2020 година. Напаѓачите во тие инциденти ги искористија ранливостите на компаниите централни за екосистемот за компјутерска безбедност, овозможувајќи пристап до голем број клиенти. Со наложување поголеми безбедносни барања за компаниите кои се централни за системот за сајбер-безбедност, администрацијата се надева дека ќе има помал ризик од прекршување на безбедноста што ќе ги погодат корисниците и клиентите.

Пристапите на претходните администрации кон сајбер безбедноста се фокусираа повеќе на доброволни јавно-приватни партнерства и практики за споделување информации. Додека стратегијата на Белата куќа на Бајден, е првата што се залага за поагресивна и сеопфатна федерална регулатива за сајбер безбедноста.

XS
SM
MD
LG