Бројката загинати од земјотресите во Турција и Сирија надмина 40.000

Севкупниот број на загинати во Турција и Сирија од силниот земјотрес од минатата недела се искачи над 40.000.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека 35.418 луѓе загинале во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди југоисточниот град Кахраманмарас на 6 февруари, што го прави најсмртоносниот земјотрес во историјата на Турција.

Осум дена по земјотресот, спасувачките екипи продолжија да наоѓаат преживеани од урнатините во вторникот, вклучително и една жена под остатоците од станбена зграда во градот Антакија.

Турската телевизија емитуваше сцени од спасувањето, но експертите предупредија дека прозорецот за спасување се затвора, за да се најдат уште живи во остатоците од урнати згради по толку време.

Во меѓувреме, повеќе од 5.500 смртни случаи се потврдени во соседна Сирија, според бројките од хуманитарната агенција на Обединетите нации и сириската државна новинска агенција.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш упати апел за собирање околу 400 милиони долари помош за одговор на земјотресот во Сирија, додавајќи дека сличен апел за помош се подготвува и за Турција.